Рускиот претседател Владимир Путин денеска повтори дека територијалните цели на Русија во Украина ќе бидат исполнети, истовремено отфрлајќи ги тврдењата од Европа дека Русија претставува закана за другите земји како „апсурдни“.
На состанокот со претставници на Министерството за одбрана, Путин порача дека мировните преговори се претпочитана опција, но само доколку Западот и Киев се подготвени за суштински дијалог.
„Ние претпочитаме да ги постигнеме и елиминираме длабоките причини за конфликтот преку дипломатија, но ако спротивставената земја и нејзините странски заштитници одбијат да се вклучат во суштински разговори, нашата земја ќе го постигне тоа преку воени средства“, изјави рускиот претседател.
Тој додаде дека „целите на специјалната воена операција несомнено ќе бидат остварени“, нагласувајќи дека доколку дипломатскиот пат биде одбиен, Русија ќе ги заземе бараните територии со употреба на сила.

