Тажна вест: Почина Горан Костадиновски – Гокси- „Комити“ се збогуваа со еден од основачите на навивачката група

 

 

На 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити.

Навивачката група „Комити“ денеска со жалење ја примија веста за смртта на еден од нивните основачи.

51 годишниот Костадиновски по долго боледување починал, а навивачката група веднаш тоа го сподели со јавноста со емотивен текст за загубатана својот член.

„Со неверување ја примаме и соопштуваме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена.
Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.
Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови...најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк...
Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.
Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.
Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави !
Горан Костадиновски - Гого (23.08.1969 - 28.10.2020)“ напишаа од навивачката група „Комити“

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега