„Тажната судбина“ на Мајк Пенс- каде престојува до неодамна вториот најмоќен човек во САД (ВИДЕО)

Додека Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во прекрасниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот неодамна прв човек заврши на улица.

Имено, поранешниот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга последните неколку дена спиеле во викендичка на гувернерот на Индијана додека да најдат нов дом.

Во изминатите четири години Пенс, како потпретседател на САД, живееше бесплатно во резиденција финансирана од даночни обврзници. Станува збор за куќа од 19 век лоцирана на територија на американската поморска опсерваторија. Бизнис-инсајдер објави дека Пенс и сопругата се сместиле привремено во викендичката на гувернерот на Индијана, Ерик Холкомб, а потоа информациите ги проширија и други медиуми, кои откриваат дека Пенс често се селел и дека покрај гостопримството на Холкомб, Пенс барал покрив над главата од братот Грег Пенса, кој живее во Индијана.

Како е можно Пенс да нема каде да живее? Одговорот лежи во податоците дека тој бил републикански пратеник во Претставничкиот дом на САД од 2001 до 2013 година, по што стана гувернер на Индијана. Тој ја извршуваше оваа функција од 2013 до 2017 година, за кое време живеел во резиденцијата на гувернерот, која ја напуштил во 2017 година кога стана потпретседател.

Според проценки, семејството Пенс немале свој дом повеќе од осум години. Зошто завршија како „бездомници“, не е познато. Можно е тие да биле толку убедени во останувањето на Трамп на власт, а со тоа и на нивниот престој, што едноставно не размислувале што ќе се случи ако треба да се иселат од резиденцијата на потпретседателот.

Парите не треба да бидат проблем за нив затоа што Пенс заработувал повеќе од 235.000 долари годишно за време на неговиот четиригодишен мандат. Покрај тоа, во следните шест месеци, Пенс има право на заштита на тајните служби и право на пензија.

Некои се сомневаат дека вистинската причина за честите преместувања се закани со смрт или дури и обиди за атентат од приврзаници на поранешниот претседател Трамп. Имено, пред само неколку недели, додека приврзаниците на Трамп го напаѓаа Капитолот, се извикуваше „Обесете го Мајк Пенс“.

Во меѓувреме, Трамп постојано повторуваше на Твитер дека Пенс има моќ да го запре пребројувањето на гласовите, иако тоа не е точно.

Од крајот на неговиот мандат, Пенс наводно не комуницирал со Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа