Темелковски по потврдувањето на неговата кандидатура: Реализиравме значајни проекти – Кисела Вода урбана и модерна

Aктуелниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски повторно ќе се трка за градоначалничката фотелја. Тој е еден од 30-те имиња кои вечерва ги соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев.

На Фејсбук рече дека досега се реализирани значајни проекти во општината.

-Огромна одговорност, воедно признание и поддршка за Кисела Вода. Реализиравме значајни проекти, но сега почнуваме од нула, без непознаници, без долгови. Ви благодарам на сите сограѓани кои ме поддржувате и кои ме поткрепувате, Вашата доверба кон мене резултираше со оваа нова кандидатура. Јас сум тој што го знаете и не сум се сменил. Ја сакам Кисела Вода и Ве почитувам сите, сите населби и сите улички. Не престануваме, одиме натаму по истиот принцип, подеднакво за сите, основните насушни потреби имаат приоритет, Кисела Вода урбана и модерна! Малку ни треба, вели Темелковски.

13.07.2021 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега