Темни облаци утрово во Македонија: УХМР соопшти какво време не очекува

На првиот ден од есента е најавено променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време со услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Облачното и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец ќе преовладува до четврток. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

22.09.2021 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега