Температури под нула, дожд и снег- метеоролозите со викенд прогноза

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.

Од сабота до понеделник, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Погледнете какво ќе биде времето до понеделник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега