Температурите растат па невреме - Временска најава за следните денови

Прогнозите за летните денови, како што кажавме, но и најавивме уште во август за овој месец дека ќе продолжи летото, се остваруваат, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Летните топли денови ќе продолжат се до крајот на оваа недела а по се изгледа ќе се задржат некаде до средината од следната недела.

Денес и утре се очекува локален и тоа особено изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

Услови за краткотрајна нестабилност ќе има и во четврток додека од петок па за време на викендот ќе имаме претежно стабилно и сончево време со сосема мала локална облачност, особено во петок ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец.

Претежно стабилното и пријатно летно време ќе се задржи и во првиот дел од следната недела што значи и понатаму можете да ги користите ваквите денови за освежување во реките и езерата низ државава поради тоа што секако нема уште премногу долго да траат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега