Тензично во Алијанса: Печатот е кај Таравари

Алијансата за Албанците предводена од претседателот Арбен Таравари има мнозинство во Конгресот, Собранието и Претседателството и секоја одлука што ја носат партиските органи е според Статутот, констатираше партијата на денешната прес конференција. 

Покрај статутарните прекршувања кои се констатирани и се во фаза на утврдување, кривични дела можат да претставуваат и одлуките донесени од таканареченото Собрание од 10 февруари 2024 година доколку се докаже дека за иницијативата за разрешување на претседателот како и за повикот на Конгресот, не гласале 2/3 од партиските легитимни претставници во Собранието - велат од партијата

Правниот застапник на Алијансата за Албанците Абидин Абдули, истакна дека Собранието одржано на 10 февруари годинава освен што е нелегитимно содржи и многу елементи на кривични дела.

„Во записникот од Конгресот кој се одржа на 27 март 2022 година од членовите на Собранието избрани на тој конгрес, потоа од членовите избрани на 17 септември 2022 година и на 21 јануари 2023 година, произлегува дека мнозинството од пријавените членовите не учествувале на тоа собрание. Пред вас ги имам изјавите дадени во нотар од 70 членови кои изјавуваат дека не учествувале на Собранието одржано на 10 февруари годинава. Со ова можеме да заклучиме дека Собранието одржано на 10 февруари немаше доволно 2/3 да се свика Конгресот на 18 февруари, а собранието одржано на 10 февруари немаше ниту половина од членовите, така што Собранието е нелегитимно", рече правниот застапник на Алијанса за Албанците, Абидин Абдули.

Од Алијанса велат дека печатот е кај Таравари но дека за нив, најважно е на чија страна се гласачите. 

Таравари за вечерва закажа Конгрес а конгрес викендов ќе има и крилото на Села. 

16.02.2024 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега