Тензии на протестот на Блаце - уапсен организаторот

Со разни пароли и знамиња, стотина млади и стари од Елез Хан собрани од градоначалникот на општината, Руфки Сума, протестираа пред граничниот премин Блаце против физичкиот напад на тројцата косовски државјани во градскиот парк од навивачката група Комити.

Со доаѓањето во близина на граничниот премин, состојбата станала тензична. Уапсен бил организаторот на протестот, објави ТВ21.

Со апсењето на организаторот тензиите уште повеќе се зголемија. Демонстрантите го блокираа патот и настојуваа тој да биде ослободен.

Потоа, организацискиот совет на протестот ги објави нивните барања.

„Протестираме против тие кои го направија ова нехумано и примитивно дело. Слободата на нашето движење никој не може да ја спречи, сме биле и сме во овие краишта“.

Хекуран Кука од Организацискиот одбор најави нови протести во случај властите во Македонија да не преземат мерки.

„Нашите барања на овој протест се дека бараме правда за многу случаи, не само за овој, како случајот Монструм и многу други. Ние само сакаме правда и тие што го извршиле ова дело да излезат пред правдата. Нашиот протест ќе продолжи доколку не се преземат мерки“, рече Кука.

Градоначалникот на општината, Руфки Сума кој беше меѓу демонстрантите рече дека властите не се погрижиле за момчињата по инцидентот во Скопје.

„Најпрво ги посетивме тројцата повредени во нивните домови. Потоа, официјално направив допис кој го испративме до Косовската амбасада во Скопје, во Македонија, но и во МНР на Косово, за и официјално да побараме од Македонија да го расчисти случајот и побаравме да се преземат мерки кон тие што го извршиле делото. Од друга страна, побаравме одговорност и од тие кои не дозволиле да им се пружи прва помош.“, изјави Сума.

Со демонстрантите беше виден и амбасадорот на Косово, Ѓерг Дедај.

Инаку, протестот следи по физичкиот напад врз тројцата косовски државјани во градскиот парк во Скопје од страна на навивачката група Комити. За случајот се осомничени две лица на кои им се заканува затвор од три месеци до три години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега