Тепачка пред ресторан во населба Илинден- не го пуштиле да влезе па ги нападнал

 

Вчера во 18 часот и 40 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населбата Илинден бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка.

Имено МВР јавува дека тепачката била помеѓу 63- годишниот 63- годишниот Љ.М и неговиот син 37- годишниот С.М, од една страна, и 23- годишниот С.М. од друга страна.

Љ.М. и С.М.(37), сопственици на угостителскиот објект , не му дозволиле на С.М да влезе во објектот. Притоа, С.М го нападнал Љ.М, а тие му возвратиле, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.06.2018 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега