Теренската вакцинација против КОВИД-19 продолжува утре во повеќе населени места низ државата

 

Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, вторник 20 јули 2021 година ќе се одвива теренската вакцинација.

Теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места:

Делчево – Саса1, Саса2; Ресен – Наколец, Штрбово

Штип – Шашаварлија, Кошево, Почивало

Свети Николе – Немањеци, Ранченци

Демир Хисар – Слоештица, Мренога, Вирово

Берово – Владимирово

Струга – Драслајца

Струмица – Добрејци, Просениково

Неготино – Челевец, Лаки

Пробиштип – Лесново

Кочани – Зрновци

Битола – Црнобуки, Новозмирнево, Драгарино, Лисолај, Лопатица

Охрид –Косел, Вапила, Ливоишта, Сирула, Росино, Опеница

Македонски Брод – Бенче, Ковач

Велес –  Согле, Богомила, Теово

Крива Паланка – Ранковце

Теренската вакцинација без закажување започна од 12 јули годинава, во над сто населени места во сите општини низ земјата.

Граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи, а секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба само да има важечки документ за идентификација.

Министерството за здравство секојдневно информира за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.

19.07.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа