Тешка несреќа на автопатот Скопје-Тетово: Автомобил излета од патот и удри во бетонски столб

Жена возач е повредена во сообраќајна несреќа која утринава околу 9 часот се случила на автопатот Тетово-Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

-Во непосредна близина на Добарски натпатник, патничко моторно возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Б.В. од Скопје, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, вели Јосифоски.

Возачот на возилото Б.В. пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на излетувањето увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега