Тешка несреќа на патот Делчево-Штип: Едно лице загина

 

Штипјанец загинал откако во него удрил автомобил вчера во 22:20 часот на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селоОблешево. Како што информира патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Д.Ј. од село Стар Караорман, удрило во 56-годишниот Т.Ј. од Штип. Во незгодата Т.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега