Тешка несреќа на патот Крива Паланка-Деве Баир: „Пежо“ удри во „пасат“

 

Девојка се здобила со тешки телесни повреди при сообраќајна патот Крива Паланка-Девер Баир.

-Вчера во 16:05 часот било пријавено дека на пат Крива Паланка - Деве Баир, во близина на место викано „Бегови бавчи“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 407“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот А.Д. од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.П. од Крива Паланка. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Здравствениот дом Крива Паланка, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа