Тешка несреќа на скопска обиколница - три возила удрија во канделабра

 

Жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14:20 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка „Стајковци“. Како што информира МВР, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната М.С. од село Долно Палчиште, тетовско изгубило контрола и удрило во металната ограда и канделабра. Од ударот канделабрата паднала на коловозот од обиколницата од спротивната насока и во тој момент патничко моторно возило„мерцедес МЛ320“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот П.Т. од село Врапчиште,гостиварско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки управувано од 48-годишниот Р.Ј. од Скопје удриле во металната канделабра. По незгодата, М.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“  каде и биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега