Тешка несреќа вечерва во Македонија: Еден повреден

Шеесет и шестгодишник е тешко повреден вечерва на патот Кавадарци – Неготино, откако моторно возило удрило во запрежната кола со која управувал.

Информацијата за МИА ја потврди хирургот од Општа болница во Кавадарци, Дано Кулев кој се погрижи за пациентот донесен со Брза помош.

-Се работи за тешка телесна повреда, скршеница на клучна коска на лево рамо со изместување. По обавена репозиција и имобилизација, повредениот е задржан во болница за да биде медицински третиран, изјави Кулев.

На местото на несреќата се упати и полициска увидна екипа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега