Тешка несреќа во Македонија: Југо се преврте на пат

Во 06.40 часот на локален пат селото Милошево - село Пресил, С.Д.(35) од селото Св.Тодори, општина Могила, кој управувал патничко  возило „југо корал“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, кое се превртело.

По незгодата, С.Д бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега