Тешка несреќа во Македонија - Возило излета од пат

Во 17.55 часот на магистралниот пат Штип - Делчево, во атар на селото Облешево, патничко возило „пежо 206“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Д.К. од Чифлик, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега