Тешка несреќа во Скопје: Камион удри во велосипедист

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило товарно возиоло, информира МВР.

„На 21.09.2021 во 11:30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Г.Б. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 40-годишниот Д.Т.од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настнот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

22.09.2021 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега