Тешка несреќа во Скопје: Се судрија „шкода“ и мотоцикл

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 22.09.2021 во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Б.З. од Скопје  и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот И.И.од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, информираше МВР.

23.09.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега