Тешка сообраќајка кај Ласкарци: Загина гостиварец

53-годишен гостиварец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје во близина на селото Ласкарци.

-Денеска во 17,53 ч. на автопатот Тетово-Скопје, во близина на с.Ласкарци, патничко возило “јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране гостиварско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВ.

Во последните денови ова е трета сообраќајна несреќа со смртни последици.

 

23.10.2021 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега