Тешка сообраќајка кај Струмица - шест пожарникари извлекуваат повредени патници (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случила на регионалниот пат Струмица – Валандово, откако се преврти комби возило.

Шестмина припадници на противпожарната служба на Струмица со специјални хидраулични алатки извлекуваше повредени патници.

-Вечерва, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа на превртено комби возило. Употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници, се вели во објавата на Фејсбук од страна на Територијалната протипожарна единица Струмица.

Засега нема информации за здравствената состојба на патниците.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП...

Posted by Пожарникари - Струмица on Wednesday, 8 July 2020

08.07.2020 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега