Тешка сообраќајка на патот Струмица- Радовиш: Повредено едно лице

Едно лице е повредено во сообраќајката што се случи во 18:10 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Сулдурци.

Информацијата ја потврди заменикот портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале два автомобила.

Заради несреќата сообраќајот на патот Струмица-Радовиш беше во прекин повеќе од два часа и се пренасочуваше по стариот пат

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2021 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега