Тешка сообраќајка на патот Тетово - с.Јажинце - По ударот три лица завршија во болница

На 26.11.2021 во 17.20 часот на крстосница од регионален пат Тетово- с.Јажинце со регионален пат с.Лешок Шемшово, во с.Лешок се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Желино, и патничко моторно возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(67), со сопатничка Ш.А.(59), двајцата од с. Непроштено.

По несреќата, тие се пренесени во Клиничка болница Тетово каде им се констатирани повреди на возачите Н.Р. и Н.А., а на сопатничката Ш.А. и е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на лице место изврши екипа  од СВР Тетово.

27.11.2021 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа