Тешка сообраќајка: Се судрија „опел корса“ и „хонда“

На 22.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Народни херои“ во Скопје се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.О.(44) од с.Брест, општина Македонски Брод и мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

23.09.2022 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега