Тешка сообраќајка во Битола: Тројца малолетници повредени во судир на мопеди

 


Вчера во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15-годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди  се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

13.06.2025 - 16:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега