Тешка сообраќајка во Прилеп- починал еден од возачите

Тешка сообрајќа вчера во Прилеп при што едно лице починало.

-На 23.04.2021 во 15.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“, патничко возило „мицубуши колт“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(60) од Прилеп, удрило во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш. од Прилеп, јавуваат од МВР.

Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н, кој според пријавеното имал здравствени проблеми.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител и, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.    

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега