Тешка сообраќајка во Скопје- повредени две лица

При сообраќајка во Скопје повредени две лица, од кои едниот бил мотоциклист и се здобил со тешки телесни повреди.

-На 10.05.2021 во 14.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Беласица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хjундаи“, управувано од М.А.(52) од Скопје и мотоцикл „КТМ“, управувано од М.К.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Аџибадем Систина“.

Со телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега