Тешка сообраќајка во Скопје: Прво се судрил со друг автомобил, а потоа удрил во пешак и во паркирано возило

 

Четири лица биле однесени во болница по сообраќајка несреќа која се случила вчера во Скопје.

-Вчера во 18:30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(37) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Скопје. При незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера. По незгодата, С.С.,  Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега