Тешка сообраќајка во Скопје: Се судрија мотоцикл и „ауди“

Четири лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

- На 25.04.2021 во 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот И.Д. од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Д.П. од Куманово. Во незгодата мотоциклистот и сопатникот 31-годишниот В.С. од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило 33-годишната Н.П. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега