Тешка сообраќајка во Тетово- повредени две лица
Тешка сообраќајка во Тетово при што две лица биле повредени.
- На 05.05.2021 во 15.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово–с.Волковија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео“, управувано од Т.Ѓ.(22) од с.Милетино и патничко возило „ауди“, управувано од И.И.(68) од с.Милетино, двете со тетовски регистарски ознаки, информираат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ѓ, а со телесни повреди се здобил И.И, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа