Тешко повреден малолетен пешак во Штип

Малолетен пешак од Штип е тешко повреден откако во него удрил 22-годишник со автомобил марка „опел“.

-Вчера во 18.00 часот било пријавено дека во Штип, на ул.„Косовска“ патничко возило „опел омега“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од Штип, удрило во малолетен пешак од Штип. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2021 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега