Тешко повреден мотоциклист откако удрил во запрен автомобил на Партизанска


Вчера во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

21.05.2024 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега