Тешко повреден мотоциклист во судир со автомобил


Вчера во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

25.05.2024 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега