Тешко повреден моторциклист во Куманово

19-годишнен моторциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Куманово.

-Вчера во 15.30 часот во Куманово, на ул.„Никола Тесла“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(54) и мопед „априлија“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(19), и двајцата од Куманово. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега