Тетовчанец киднапирал и нападнал лице со пиштол, па му се заканувале со автоматска пушка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „противправно лишување од слобода“ и против Ш.М.(18) и малолетник, двајцата од село Шипковица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 10.03.2025 првопријавениот со закана со пиштол го одвел второпријавениот позади угостителски објект во Тетово и физички го нападнал. Истиот ден, второпријавениот и третопријавениот, кој носел автоматска пушка, отишле во близина на куќата на првопријавениот, при што предизвикале страв кај присутните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа