Тетовчанец работел на нива па веднаш се јавил во полиција

Тетовчанец пронашол граната од Втората светска војна додека работел на нива.

Околу 11.20 часот во СВР Тетово, 49-годишниот Т.М. од тетовското село Беловиште пријавил дека при вршење ископ на неговата нива покрај стариот пат Беловиште-Одри, пронашол артилериска граната 150 милиметри, која потекнувала од Втората светска војна.

Извршен бил увид и гранатата била подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување Тетово за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега