Тетовчанка лажно му ветувала брак, тој и дал 6.300 евра и накит


СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од с.Нераште, тетовско и Е.А.Н.(39) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Првопријавениот запознал едно лице со второпријавената, која лажно му се претставила и откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит.

12.03.2024 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега