Тетовец измамен за 5.000 евра: Му дал полномошно само за транспорт, а лицето му го продало автомобилот
Вчера во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицео да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ. Како што е пријавено, откако му дал полномошно само за транспортирање, лицето без негово знаење и согласност ја средил царинската документација најверојатно со фалсификување на документацијата, по што возилото му го продал на друго лице од тетовско село.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа