Тетовец превезувал мигранти од Турција- полицијата веднаш ги привела

 

Полицијата во Гевгелија вчера стопирала возило со тетовски регистерски таблички во кое биле затекнати двајца мигранти од Турција.

Според пријавеното на 24.06.2020 во 10,40 часот, од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија било сопрено патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.А.(46) од Мала Речица-тетовско и при извршениот преглед на возилото пронајдени биле двајца мигранти А.В.(24) и А.Ј.(22), двајцата од Турција.

Возачот и двајцата мигранти биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Известен Јавен обвинител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега