Тетовец со нож бркал деца кои си играле пред зграда

61-годишен тетовец со нож бркал деца кои си играле пред зградата.

-Вчера во 22.15 часот Д.Р.(43) од Тетово пријавил дека во Тетово, на ул.„Благоја Тоска“, додека неговиот малолетен внук заедно со другарите си играле пред зграда, С.Е.(61) од Тетово почнал да трча по нив, држејќи во раката нож, велат од полицијата.

Тој бил приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега