Тетово: 50-годишен тетовчанец заврши во болница како последница од вчерашниот пожар

 
Повреден е сопственикот на куќата во која избувна пожар околу вчера вечерта околу 19 часот во тетовската населба Колтук, се првичните информации кои ги соопшти СВР Тетово во врска со вчерашниот инцидент. Огнот зафатил две куќи, а беше ставен под контрола од пожарникарите за околу еден час.
-Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожарот во куќа сопственост на И.С (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. Сопственикот И.С добил изгореници по што е пренесе во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од тетовската полиција.
Соседите од населбата Колтук беа уплашени од силината на огнот бидејќи се создал висок пламен. Исто така сите куќи во оваа населба на ридест дел се споени една до друга, што било причина за дополнителен страв кај нив од евентуално проширување на пожарот.
-Околу 19 часот слушнав сирена, излегов да видам што е како е, и видов пламен. Видов дека тоа се соседите над мене, истрачав, гледам чад и пламен 15 метри од кровот нагоре. Со соседите се обидовме да помогнеме со црева и вода од цистерни, знаете овде е специфично со вода. Пожарникари дојдоа на време, благодарност до нив, да задоцнеа за пет минути, ќе изгореше уште некоја куќа. Експлозија немаше но пукаа кабли од струја. Цело маало Колтук и Два бреста и Горна Чаршија немаат струја, изјави Ивица Ѓорѓески.
Пожарот изби во куќа на улицата „Вукашин Симовски“. Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека првично биле испратени четири возила.
29.01.2022 - 10:23
Фото: 
Тетово инфо

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега