Тетово: До 15 часот гласале 27.102 луѓе или 32,82 отсто


До 15 часот во Општина Тетово гласале 27.102 луѓе или 32,82 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата.  Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.

Според податоци од електронскиот систем на Државната изборна комисија излезеноста на граѓаните за гласање на претседателските избори до 13 часот во Општина Теарце е 27,62  отсто, во Општина Боговиње 22,07,  во Општина Брвеница 27,48, во Општина Желино 20,22 и во Општина Јегуновце 29,43 отсто од вкупниот број гласачи.

Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.

24.04.2024 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега