Тетово: Пријавени 86 полицајци за несовесно постапување - тројца пратени на психијатар со одземено оружје

 

Во текот на 2023 година граѓаните поднеле 86 пријави и претставки до МВР сметајќи дека непрофесионално се однесувале полицајците или вработени во СВР Тетово. За поднесените пријави било утврдено дека 50 се неосновани, 8 се основани, 11 делумно основани, а за 17 случаи немало докази.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по однос на примените претставки изрече следни задолжителни мерки: за 44 полициски службеници изречена е Предлог мерка за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, за 11 полициски службеници е изречена мерка укажување, за тројца полициски службеници е изречена мерка одземање на службено оружје, за еден полициски службеник е изречена мерка суспензија и уште тројца полициски службеници се упатени на задолжителен психијатриски и психолошки преглед, информираат од МВР.

Дисциплински постапки во текот на 2023 година имало и поради поднесени претставки или пријави од надлежните старешини во разните организациски единици во рамки на Секторот или во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР.

- Од страна на Одделот за дисциплински и судски постапки доставени се вкупно 56 Предлози за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против вработени во СВР-Тетово. Од нив вкупно донесени се едно решение за писмено предупредување, 33 решенија за парична казна, за 11 полициски службеници донесени се решенија за запирање и отфрлање на предлогот, информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бележи дека за уште 11 предлози, постапката сè уште е во тек

12.03.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега