Тијана Дапчевиќ јавно кажа колку килограми има: „Никогаш подобро не сум изгледала“

Македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ гостуваше во една српска емисија на која откри многу детали за приватниот живот. Таа зборуваше и дека 7 години се обидувала да добие дете, односно дека после 7 години брак со сопругот Милан го добиле синот Вук.

Тијана уште на самиот почеток истакна дека таа е „најстаро омажена“ затоа што е во брак веќе 20 години.

-Трае бидејќи се чуваме. Траам јас, трае тој, ја се воодушевувам на себе. Никогаш подобро не сум изгледала туку сега со моите 76.5 килограми. Ме чува мојот алфа, бета, гама маж, кажа Тијана.Пејачката секако доби и пофални зборови од сите присутни во студиото дека никогаш подобро не изгледала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа