Тикток-ѕвезда тврди: Кијану Ривс е мојот татко, имам доказ

Американскиот тиктокер Дастин Тајлер (36) е убеден дека негов татко е холивудскиот актер Кијану Ривс (57) за што зборуваше во неколку свои видеа на „Тик-ток“, во кои ги откри сите детали.

Дастин тврди дека неговите родители се разделиле пред мајка му да дознае дека е бремена и дека тој пораснал мислејќи дека татко му починал кога бил мал.

„Кога пораснав, мајка ми, конечно, ми ја откри вистината и се покажа дека татко ми е Кијану Ривс,“ објасни Дастин.

„Никогаш не сум рекол дека татко ми ме остави, но дека мајка ми не му кажала дека е бремена кога раскинале“, додава Тајлер. Тој истакна дека не очекува Кијану да го признае како свој син.

Неговите многубројни фанови одлучија да го поддржат во неговата приказна, а многумина од нив му поверуваа затоа што заклучија дека навистина личи на актерот. Дастин вели дека не му е грижа дали татко му ќе го признае, само сака да го сподели ова сознание со сите.

Кијану сè уште јавно не се изјаснил за наводното татковство.

26.10.2021 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега