Тим на ВМРО-ДПМНЕ замина на конференција во Виена: Само проширување на ЕУ е вистински чекор

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународна конференција во Виена. Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и Влатко Ѓорчев, како и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, се во дводневна работна посета на Виена, Р. Австрија, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ учестуваат на меѓународната конференција „Поврзување на Европската народна партија во регионот“, организирана од фондацијата Конрад Аденауер. Овој настан обединува пратеници од Европскиот парламент, како и политичари од Австрија, Германија, Грција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Генерален заклучок на учесниците е дека во услови на сериозни геополитички и безбедносни предизвици, само вистинско проширување на Европската унија е правилниот политички одговор. Посилното обединување означува и посилна Европа, се вели во партиското соопштение од партијата.

На покана на македонските претставници, следната ваква меѓународна конференција ќе се одржи во Скопје, во месец октомври, додаваат оттaму.

12.05.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа