Тимоние: Ќе ги слушаме забелешките на македонската страна

Во пресрет на дискусијата за новата методологија за проширување на ЕУ од страна на Советот на ЕУ, Париз ги очекува реакциите за дадените предлози. Францускиот амбасадор  Тимоние рече дека неговата држава, покрај реакциите на земјите членки на ЕУ, очекува коментар и од македонската влада. Тимоние исто така ја потенцира важноста од владеењето на правото за интеграција на земјата во ЕУ.

 

„Всушност, тие се француски проценки доставени до сите земји-членки на ЕУ и според насочувањата на мојата Влада ги доставив до Владата на Северна Македонија. Очекуваме реакции на земјите членки, но исто така ќе бидеме многу внимателни и ќе ги слушаме забелешките на македонската страна“-вели Кристијан Тимони, Амбасадор на Франција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа