Тинејџер со „туарег“ удрил малолетник со тротинет - итно пренесен во болница

 

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 19:55 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак - малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци, појаснија од СВР - Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница - Кавадарци.  Известен бил јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР - Кавадарци. 

01.06.2025 - 12:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега