„Тој е незрел политичар“ - Макрон го повика Лукашенко да поднесе оставка, а претседателот на Белорусија му возврати

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека неговиот француски колега, Емануел Макрон, е незрел политичар.

Макрон претходно изјави дека е јасно оти претседателот на Белорусија треба да поднесе оставка и да ја напушти владата заради демонстрациите што се одржуваат во Белорусија по објавувањето на резултатите од изборите минатиот месец, а канцеларијата на Лукашенко брзо одговори на тој коментар од Париз.

„Според логиката на Макрон, тој требаше да даде оставка пред две години, кога жолтите елеци излегоа на улиците на Париз. Годините минуваат, демонстрациите продолжуваат, а тој е сè уште претседател“, се вели во пораката на Лукашенко.

Лукашенко исто така рече дека Макрон треба повеќе да се занимава со внатрешните работи на Франција.

„Како искусен политичар, го советувам незрелиот Макрон да гледа помалку наоколу и повеќе да се фокусира на ситуацијата во Франција. Би било подобро за него да почне да ги решава проблемите во Франција”, рече Лукашенко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега